Забраните не вродуваат со плод, родителите да ги проверуваат мобилните на децата
Родителите треба да ги следат своите деца, но обврска имаат и училиштата. Преку серија на активности, работилници, во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во скопски Центар се обидуваат да дознаат повеќе за нивните ученици...

По убиството во училиштето во Белград, по серија други насилства помеѓу децата видеоигрите добија негативен предзнак. Но, Македонското здружение за развој на игри „Галактикум“ изработи игра преку која младите ќе можат да се запознаат со човековите права. Преку деветте планети, на забавен начин, ќе учат за заштита на животната средина, здравството, правата и обврските, правата на децата, дискриминација, заштита на лични податоци.
Иван Кикерков, вели забраните, ограничувањата нема да вродат со плод. Родителите да проверат која игра ја играат нивните деца.
Родителите треба да ги следат своите деца, но обврска имаат и училиштата. Преку серија на активности, работилници, во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во скопски Центар се обидуваат да дознаат повеќе за нивните ученици.
Родителите и наставниците стравуваат за учениците по предизвикот „Супермен“, којшто се прошири на Тик-Ток. Дваесетина ученици на возраст од 8 до 17 години, со скршеници по телото, поминаа низ амбулантите на Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Наташа Јанчиќ-Менковски
