Премиерот Мицкоски потпиша договор со швајцарска компанија „ДМ БАУ АГ“, ќе инвестираат седум милиони евра
Нова инвестиција во Македонија. Премиерот Мицкоски денеска потпиша договор со швајцарската компанија „ДМ БАУ АГ“. Новата фабрика ќе стартува иднава година, а локацијата ќе биде во Куманово. Инвестицијата чини седум милиони евра, ќе бидат вработени 200 лица...

Ставен потпис за влез на нова инвестиција во Македонија. Владата и швајцарската компанија „ДМ БАУ АГ“ си подадоа рака за изградба на фабрика за производство на модуларни објекти. Компанијата ќе биде лоцирана во Индустриската зона во Куманово. Ќе вложи 7 милиони евра и ќе се вработат 200 луѓе. Градежните активности ќе почнат во првата половина од 2025 година.
Од менаџерскиот тим на швајцарската компанија посочија дека ќе се фокусираат на префабрикувани дрвени конструкции. А за Македонија како дестинација каде го проширија својот бизнис, сметаат дека направиле добар чекор.
Компанијата, ќе се простира на земјиште од 72.000 квадрати.
Фабриката е сопственост на Македонец кој живее и работи во Швајцарија.
Борис Грујоски
