ДУИ: Нема функционална демократија без почитување на Албанците и нивните уставни права
Ова е критичен момент не само за Албанците, туку и за сите граѓани на државата кои веруваат во демократските вредности, еднаквоста и соживотот, велат од ДУИ...

Ова е критичен момент не само за Албанците, туку и за сите граѓани на државата кои веруваат во демократските вредности, еднаквоста и соживотот, велат од ДУИ.
Како легитимни претставници на мнозинската волја на Албанците во Македонија од последните избори, нагласуваме дека секое нарушување на уставната еднаквост претставува нарушување на мирот, стабилноста и заедничкиот прогрес. Им се обратија на судиите на Уставниот суд.
Велат ова не е само правна одлука – ова е одлука што ќе одреди дали Македонија ќе остане држава во која сите нејзини граѓани се чувствуваат еднакви и почитувани. Не ја правете историската грешка да го уништите она што заедно сме го изградиле со голем труд и напор, велат од партијата.
Ги повикуваат и граѓаните, како и меѓународните институции, внимателно да го следат овој процес. Нема функционална демократија без целосно почитување на Албанците и на нивните уставни права, се наведува во партиското соопштение.
