Лукашенко порача дека Белорусија има нуклеарно оружје
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денес дека неговата земја поседува нуклеарно оружје...

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денес дека неговата земја поседува нуклеарно оружје.
„Тука распоредив нуклеарни боеви глави. Неколку десетици боеви глави. Многумина велат дека ова е шега, дека никој ништо не поставил. Да, поставивме“, кажа Лукашенко при посетата на градот Борисов.
Коментирајќи ги планови за разместување на рускиот ненуклеарен ракетен систем „орешник“ во Белорусија, тој истакна дека користењето на тие видови вооружување носи голема одговорност.
„Уште од Хирошима и Нагасаки, никој никогаш не го притиснал нуклеарното копче. Ни водечките сили, а не пак Белорусија“, кажа Лукашенко и додаде дека своите „непријатели, пријатели и ривали“ ги предупредува на неприфатливоста на нарушувањата на државната граница на Белорусија.
