Временска прогноза

Променливо облачно, претпладне со магла по котлините

11.12.2024 07:46

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец...

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, а преку денот променливо облачно и тивко.

Утре претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност, а преку денот променливо облачно со слаб северен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 4 до 12 Целзиусови степени.