Полуфинале за Јотовски

25.07.2014 14:00

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски продолжи со извонредни настапи на турнирот во Валјево. Нашиот претставник го совлада Итаијанецот Давиде Мелчиоре со 2-0 во сетови и обезбеди влез меѓу најдобрите четири натпрварувачи.

Воведниот  дел од мечот со Мелчиоре, Јотовски го доби со 7-5, но во вториот беше убедлив и со 6-0 го збриша ривалот, заработи нови поени на АТП листа со коишто ќе може дополнително да го поправи пласманот.

Во полуфиналето Јотовски ќе игра со поуспешниот од дуелот меѓу домашните, српски, тенисери Арсение Златановиќ и Дејан Катиќ.