Скопје

Дел од неколку општини во Скопје денеска без струја

11.12.2024 08:57

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат дел од неколку скопски општини...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат дел од неколку скопски општини.

Во периодот од 07.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од с. Сопиште, околина кај маркет Давидов, дел од Теферич, кон Сопиште. (општина Сопиште), од 08.50 до 16.00 часот, корисниците од с. Мирковци, с. Горно Оризари, с. Глуво, с. Бразда. (општина Чучер Сандево), од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од Радишани (Радишански пат лево). (општина Бутел).

Во периодот од 08.30 до 13.30 часот, полициска станица „Бит Пазар, корисниците на ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег-Скупи. (општина Чаир), од 09.00 до 13.45 часот, корисниците од ул. 4 с. Горно Соње. (општина Сопиште).

Во периодот од 11.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од ул. Леринска. (општина Карпош), од 10.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. 81, 87 во с. Волково. (општина Ѓорче Петров).