Македонија

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

11.12.2024 09:04

Висината на снежната покривка во седум часот изнесувала 44 сантиметри на Попова Шапка...

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде што се измерени-4 степени, -1 било во Лазарополе, 0 степени се измерени во Маврови Анови, Крушево, Претор, 1 во Битола и Берово, 2 во Охрид, Крива Паланка, Струмица, 3 во Куманово и Прилеп, 4 во Тетово и Гевгелија, 5 во Виница и Дебар, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Штип, Демир Капија и 7 во Велес.

Висината на снежната покривка во седум часот изнесувала 44 сантиметри на Попова Шапка, 30 во Маврови Анови и 8 во Крушево.