САД

Во САД издадена наредба за евакуација поради шумски пожар во Малибу

11.12.2024 09:12

Силните ветрови ја разгореа огнената стихија која пламти во близина на приморските куќи на познати личности...

Властите на Калифорнија издадоа наредба за евакуација на 20 илјади луѓе поради шумски пожар во Малибу. Силните ветрови ја разгореа огнената стихија која пламти во близина на приморските куќи на познати личности. Околу 1.500 пожарникари се борат повеќе од 20 часа со огнот кој за многу брзо време се прошири.

„Огнот изгоре околу 2862 хектари површина и сè уште не е локализиран. Според прелиминарните извештаи, седум објекти се уништени, а осум се оштетени“, изјави Ентони К. Мароне, од противпожарна служба на округот Лос Анџелес.