Во Сиднеј запален автомобил, куќи исцртани со антиизраелски слогани
Полицијата трага по две лица на возраст меѓу 15 и 20 години, кои се осомничени за нападите во источното предградие Вулахра-место на најголемата еврејска заедница...

Во Сиднеј запален автомобил и куќи исцртани со антиизраелски слогани. Полицијата трага по две лица на возраст меѓу 15 и 20 години, кои се осомничени за нападите во источното предградие Вулахра-место на најголемата еврејска заедница. По зголемените инциденти на антисемитски криминал низ земјата, федералната полиција формираше работна група за истрага. Претходно беа вандализирани и запалени згради и подметнат пожар во синагога во Мелбурн кој властите го окарактеризираа какао терористички чин. Премиерот го осуди инцидентот.
„Се разбудив пред уште еден напад во Вулахра, по како што изгледа, постојан напад од луѓе кои се обидуваат да ја поделат оваа заедница и да ја заплашат“, изјави Кели Слоун, локален член на парламентот во Нов Јужен Велс.
„Недвосмислено ги осудувам овие срамни дела насочени кон еврејската заедница. Сите ние мора да продолжиме обединети против антисемитизмот. Една од работите што нè прави најголема нација на Земјата е дека луѓето од секоја вера и потекло имаат право да се чувствуваат безбедни и добредојдени“, изјави Ентони Албанес, премиер на Австралија.
