ЈУЖНА КОРЕЈА

Се продлабочува политичката криза во Јужна Кореја, извршена рација во канцеларијата на Јун Сук Јеол

11.12.2024 09:39

Специјалните сили извршија рација во канцеларијата на претседателот Јун Сук Јеол, додека поранешен шеф на одбраната кој беше уапсен под сомнение за вмешаност во минатонеделниот неуспешен декрет за воена состојба, проба да се самоубие...

Се продлабочува политичката криза во Јужна Кореја. Специјалните сили извршија рација во канцеларијата на претседателот Јун Сук Јеол, додека поранешен шеф на одбраната кој беше уапсен под сомнение за вмешаност во минатонеделниот неуспешен декрет за воена состојба, проба да се самоубие. Во истовреме, се уапсени уште двајца полицајци во проширената истрага која доаѓа на само неколку часа пред главната опозициска партија да поднесе нов предлог за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол за кој треба да се гласа в сабота.

„Еден од нашите офицери на должноста во контролната соба откри обид за самоубиство на поранешниот шеф на одбраната, Ким Јонг Хјун кој пробал да си го одзеде животот заклучен во бањата. Тој се откажал од обидот откако персоналот насилно ја отворил вратата. Задржан е во заштитна ќелија и неговото здравје е добро“, изјави Шин Јонг Хае, генерален комесар на Корејската поправна служба.