Македонија

Муртезани: Политиката за кохезија е носечки столб на европската интеграција и двигател на промените

11.12.2024 20:58

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на завршната конференција на проектот „Поддршка од ЕУ за спроведувањето на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион во Република Северна Македонија“, во организација на Министерството за европски прашања на Северна Македонија...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на завршната конференција на проектот „Поддршка од ЕУ за спроведувањето на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион во Република Северна Македонија“, во организација на Министерството за европски прашања на Северна Македонија.

Во воведно обраќање на темата „Зајакната територијална соработка како пат кон одржлив регионален развој во Јадранско-јонскиот макро-регион“, Министерот нагласи дека соработката претставува срж и суштина на солидарноста, на промовирањето на заедничкото разбирање и несомнено на одржливиот регионален развој. „Во основата на самиот европски проект лежи заложбата за унапредување на соработката, градењето на мостови и рушење на бариерите кои ги создаваат границите. Тоа истовремено е и основната задача на политиката за кохезија, како носечки столб на европската интеграција и како двигател на промените, што е особено релевантно за различните форми на прекугранична соработка, каде европските вредности се признаваат и се применуваат заедно со сите чинители на национално, регионално и локално ниво во Европската Унија, но и пошироко.“ – рече Муртезани.