Посветеност на реформите - во Собранието заседаваше Националната конвенција за ЕУ
Во Собранието седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ. Оценето е дека земјава одамна заслужи да ги почне преговорите, кои се заглавени поради билатерални прашања. Спикерот Гаши вели, во секое време може да почнеме со уставни измени, се наоѓаме во временски теснец...

Ние сме посветени да продолжиме со реформите коишто не носат што поблиску до ЕУ, но билатералните прашања не смеат да бидат пречка за проширувањето, изјави претседателот на Собранието Гаши.
ЕУ мора да се реформира за да има нов прием, но Македонија сака ЕУ искрено да каже на што може да се надева и кога, смета претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Милошоски.
Кога ја почнавте евроинтеграцијата сметавме дека сега ќе бидете блиску до членство, но тоа не е така, не сте почнале ниту со отворање на поглавја. Не губете време, мора да се исполнат условите за продолжување на евроинтеграцијата, порача специјалниот пратеник на ЕУ, Лајчак.
Македонија не смее да стои во место, мора да преземе чекори како да ја продолжи евроинтеграцијата, но и ЕУ мора да се реформира, заклучи Националната конвенција за Европската унија.
Ирина Гелевска
