Ахмети: Ако се утврди вина, Груби самиот ќе се повлече од партиските функции
Лидерот на интегративците Ахмети, рече дека ако се утврди вина, Груби самиот ќе се повлече од партиските функции.

Превирања во ДУИ по одлуката на Стејт департментот, Артан Груби да биде ставен на црната листа поради вмешаност во значителна корупција. Лидерот на интегративците Ахмети, рече дека ако се утврди вина, Груби самиот ќе се повлече од партиските функции.
„Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт депарментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект, ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска“, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
На новинарско прашање доколку му се утврди вина, дали ќе биде отстранет од партијата, Ахмети рече дека Груби е совесен и одговорен и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.
