Сеуште критична состојбата на повредените во експлозијата во Сопиште

25.07.2014 14:24

Според докторите, загрозена е состојбата на жената хоспитализирана на клиниката за анестезија и реанимација...

Се уште е критична состојбата на тројцата повредени во експлозијата во фабриката за пиротехнички материјали во Сопиште. Двајцата мажи и жената дишат со помош на апарати. Имаат 90 насто изгореници на телото.

Според докторите, загрозена е состојбата на жената хоспитализирана на клиниката за анестезија и реанимација.

Експлозијата се случи вчера попладне. Пожарот бил помал и брзо локализиран. 

Според Државниот трудов инспекторат, фабриката не ги почитувала Законите за безбедност и здравје на работно место. Немале ниту дозвола за вршење ваква дејност. Инспектроите најавуваат санкции, а можна е и кривична пријава.

Полицијата до доцна синоќа вршеше увид. Се очекуваат првичните информации околу причините за несреќата.