Избор на двајца нови членови на Судскиот совет
Еден член на советот ќе дојде од редот на судиите од штипското апелациско подрачје, а еден од редот на судиите – припадници на заедницата која е повеќе од 20 проценти.

Денеска се избираат двајца нови членови на Судскиот совет. Се гласа на непосредни избори. Еден член на советот ќе дојде од редот на судиите од штипското апелациско подрачје, а еден од редот на судиите – припадници на заедницата која е повеќе од 20 проценти. За ова место има само еден кандидат – судијата Аритон Ала од скопска апелација.
Кандидати за претставник од штипското апелациско подрачје има петмина – Ацо Тасев, Данка Ристова, Мери Гичева, Невена Перица и Тони Делев.
Новите членови доаѓаат на местата на судијката Лорета Ѓоргиева од Струмица и Мирсад Суроји од Куманово. Гласањето ќе трае до 15 часот.
