МТСП

Велковски: Како општество, мора да покажеме истрајност и одлучност за заштита на човековите права

11.12.2024 14:40

Со одбележување на Меѓународниот ден на човековите права и Европскиот ден на правдата кои се посветени на правата на граѓаните и на правдата во глобален контекст, Велковски го истакна подигањето на свеста за значењето на правата и правдата во општеството...

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска учествуваше на средба на високо ниво насловена „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“, во организација на Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје во рамките на акцијата „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“.

Во знак на одбележување на Европскиот ден на правдата и Меѓународниот ден на човековите права, заменик министерот Велковски се осврна на почитувањето на човековите права кое се основни права и слободи што припаѓаат на секоја личност.

Со одбележување на Меѓународниот ден на човековите права и Европскиот ден на правдата кои се посветени на правата на граѓаните и на правдата во глобален контекст, Велковски го истакна подигањето на свеста за значењето на правата и правдата во општеството како особено важно, во насока на обезбедување на секој граѓанин да има еднакви права и слободи.

Тој додаде дека како општество, мора да покажеме истрајност и одлучност за заштита на овие права. А тоа значи, посочи Велковски, да вложуваме во создавање можности за сите, особено за најранливите категории. Правото на образование, здравје, социјална заштита и праведна судска заштита не се привилегии – тие се задолжителни обврски кои мора да ги исполнуваме.

Велковски потенцираше дека, европскиот ден на правда јасно нè потсетува дека правдата не треба да биде само збор, туку реалност што секој граѓанин ја чувствува. Според него, без правичност и владеење на правото, нема вистинска демократија. Токму затоа, рече тој, нашето Министерство континуирано работи на унапредување на социјалната правда и овозможување еднакви можности за сите.