Кривичен суд

Уапсените во „Адитив“ изведени пред судија на претходна постапка, поранешниот директор на ЕСМ недостапен

11.12.2024 17:01

Уапсените во акцијата „Адитив“ изведени пред судија на претходна постапка. Сомнежот е за сторен криминал од 6,5 милиони евра. Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски сè уште не е достапен...

Осуммина осомничени во „Адитив“ завршија во притвор по распитот кај судија на претходна постапка. На 13 мина им се одземени пасошите и имаат обврска да се јавуваат во судот, а за еден поради возраста определен е куќен притвор. Притвор е определен за поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов. Недостасува неговиот претходник во екс-директорот, Васко Ковачевски кој е во странство.

Министерот Тошковски не откри во која држава е заминат, но, вели дека се работи на негово пронаоѓање и враќање во земјава. Тој потврди дека Ковачевски е сè уште македонски државјанин и не побарал отпуст од државјанството. Во текот на апсењето биле извршени над 30 претреси, отворени два сефа, запленети околу 220.000 евра во кеш.

Осомничените, вели Тошковски, правеле тендери за адитиви не биле искористени, а се плаќало и трипати поскапо од реалната пазарна цена.

Досега утврдената штета по буџетот на државата изнесува над 6 и пол милиони евра, но ќе се испитува и дали има оштетувања на блоковите за производство на струја поради некористењето на скапите адитиви.


23-та осомничени се товарат за злоупотреба на службената положба, перење пари, но и злосторничко здружување. Тошковски рече дека се правеле и фингирани понуди на тендерите за набавка на адитиви преку фирми во кои немало вработени.

 

Миле А.Ристески