ФИФА потврди дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Мундијалот во 2034
Светската фудбалска организација (ФИФА) денеска и официјално потврди дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Мундијалот во 2034...

Светската фудбалска организација (ФИФА) денеска и официјално потврди дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Мундијалот во 2034, додека четири претходно Светското првенство ќе се одржи на три континенти во шест различни држави.
Во прашање е јубилеј од стогодишнината а првиот светски шампионат, па затоа првите натпревари на турнирот ќе се играат во Уругвај, Парагвај и Аргентина за потоа случувањата се преселат во Мароко, Шпанија и Португалија.
Саудиска Арабија од друга страна во 2034 година ќе стане првата држава која самостојно ќе организира Мундијал со 48 репрезентации.
Засега не е познат терминот во кој ќе се одржува Мундијалот во оваа земја, но големи се шансите повторно слично како во Катар да гледаме Светско првенство преку зима.