Македонија

Во бегство е Гоце Трајковски, сведок за двојното убиство

11.12.2024 19:21

Трајковски кој е сведок во судењето против првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо се сомничи и за палење на објект во скопска Кисела Вода во кој живееле станари...

На денешниот брифинг во Обвинителството беше откриено дека еден од клучните сведоци во двојното убиство, Гоце Трајковски осомничен за тешко кривично дело е недостапен за органите.

На 15-ти ноември требаше да сведочи за неговата улога во потрагата по Вања, но не се појави во судницата поради како што беше речено панични напади. Трајковски кој е сведок во судењето против првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо се сомничи и за палење на објект во скопска Кисела Вода во кој живееле станари.

По него се трага – споделија информација од Основното јавно обвинителство.