МВР

Тошковски: Четири столбови за реформа и креирање на системски решенија во МВР

11.12.2024 20:25

Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи на безбедносниот систем на Република Северна Македонија“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје...

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи на безбедносниот систем на Република Северна Македонија“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.

Министерот Тошковски во своето излагање истакна дека ако сакаме да изградиме безбедносен систем базиран за функционални институции треба да ги вклучиме сите сегменти во општеството како експертите и професорите, невладините, јавноста и самите граѓани.

Министерот Тошковски ги дефинираше четирите столбови на реформи кои се планирани во сегментот на министерството за внатрешни работи во следниот период а тоа се: реформа на центарот за обука и воведување на средно полициско училиште од 2 години, дигитализација на процесите во министерството, новите закони за внатрешни работи и полиција и воспоставување на техничкиот систем „Безбеден град“.

Министерот Тошковски на крај потенцираше дека само со креирање на суштински и системски решенија може да има вистинско решавање на проблемите како во оваа така во секоја област.