реакција

Артан Груби се повлекува од јавниот живот

12.12.2024 08:15

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, објави дека се повлекува од јавниот живот, соопштувајќи ја својата одлука како личен чекор за зачувување на интегритетот и за доброто на семејството...

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, објави дека се повлекува од јавниот живот, соопштувајќи ја својата одлука како личен чекор за зачувување на интегритетот и за доброто на семејството. Како што објаснува Груби, долгогодишните напади и неправедни толкувања го навеле да размисли за својата улога во овој важен момент за земјата, нагласувајќи дека останува „чист како солза“ пред Бога, семејството и пријателите.

Како што напиша на Фејсбук, со ваквата постапка сакал да избегне да стане политички товар и да го зачува континуитетот на работата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.