Србија

Ќе се објават документите за несреќата во Нови Сад

12.12.2024 08:24

Студентите кои со денови ги блокираат факултетите на универзитетите низ Србија ќе продолжат со протестите, откако претседателот Вучиќ прво им ветил дека ќе им ги исполни барањата, а потоа како што велат, испратил специјалци со пендреци да ја растурат толпата...

Студентите кои со денови ги блокираат факултетите на универзитетите низ Србија ќе продолжат со протестите, откако претседателот Вучиќ прво им ветил дека ќе им ги исполни барањата, а потоа како што велат, испратил специјалци со пендреци да ја растурат толпата. Вучиќ во неговото вонредно обраќање претходно обвини дека протестите се политички мотивирани. Најави дека јавно ќе ја објави целосната документација за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

„Знам дека протестот ќе продолжи, иако сите нивни барања ќе бидат исполнети. Во однос на првото нивно барање, единственото што ги засегаше студентите-донесовме одлука да ги зголемиме владините средства за материјалните трошоци на српските универзитети и факултети. Исто така ја побарав документација од јавното претпријатие за железничка инфраструктура и решив да ја направам достапна на јавноста и да им ја дадам на студентите, како што побараа“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.