Обиди за нормализација на животот во Сирија
Укинат полицискиот час во Дамаск. Новите власти се обидуваат да ја вратат Сирија на нозе...

Укинат полицискиот час во Дамаск. Новите власти се обидуваат да ја вратат Сирија на нозе. Најавија соработка со меѓународните институции и верска толеранција. Во истовреме Израел продолжи со нападите врз воените цели во Сирија, отфрлајќи ги обвинувањата на Иран за вмешаност во соборувањето на Асад. И водачот на бунтовниците потврди дека ја повратиле земјата без странска поддршка.
„Бевме послаби од непријателот, но оружјето со кое се боревме беше локално произведено. Вложивме големи напори да го набавиме, па дури и парите дојдоа од нашите напори, немаше ниту една земја да не поддржи“, изјави Ахмад ал-Шара, водач на бунтовничката група Хајат Тахрир Ал-Шам.
Водачот на бунтовнички сили вети дека ќе ги казни сите кои ги мачеле и убивале затворениците додека борците ја запалија гробницата на Хафез ал Асад, таткото на соборениот претседател Башар, во северна Латакија.
