Владејачката партија во Јужна Кореја го поддржа предлогот за отповикување на Јун
Јужнокорејската владејачка партија го поддржа предлогот за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол откако тој одби да се повлече од функцијата поради одлуката за воената состојба...

Јужнокорејската владејачка партија го поддржа предлогот за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол откако тој одби да се повлече од функцијата поради одлуката за воената состојба. Објавата доаѓа по неговиот говор во кој тој ја бранеше својата контроверзна одлука, отфрлајќи ги обвиненијата за бунт и повиците за негово повлекување на кое се надеваше и неговата партија.
„Како може уставната одлука и актот на управување од претседателот кој го виде тоа како единствена опција, да биде чин на бунт? Прогласувањето вонредна состојба е чин на владеење исто како извршната помилост и дипломатското право, а не е предмет на правна пресуда“, изјави Јун Сулк Јеол, претседател на Јужна Кореја.
Говорот доаѓа неколку часа пред главната либерална опозициска Демократска партија да поднесе нов предлог за импичмент против Јун за кој треба да се гласа в сабота.
