МНР

30 години дипломатски односи со Високиот комесаријат за бегалци при ОН

12.12.2024 08:29

Денеска ќе се одржи настан по повод одбележување на 30-годишнината од воспоставување дипломатски односи со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации и отворањето на Канцеларија на УНХЦР во Скопје во 1994 година, настанот ќе се одбележи во МНР...

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи настан по повод одбележување на 30-годишнината од воспоставување дипломатски односи со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации и отворањето на Канцеларија на УНХЦР во Скопје во 1994 година.

Најавени се обраќања на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и регионалниот директор за Европа-УНХЦР, Филип Леклер.