Украина

Војната во Украина продолжува со несмалено темпо

12.12.2024 09:41

Заканата доаѓа откако Вашингтон вети близу 1 милијарда долари нова помош за Киев и најавениот одмазднички одговор на Москва за украинскиот напад врз воениот аеродром во Таганрог во која беа користени американски ракети...

Зеленски го отфрлил унгарскиот предлог за божиќно примирје и размена на војници со Русија-тврди премиерот Орбан. Војната во Украина продолжува со несмалено темпо. САД предупредија дека во наредните денови Путин повторно би можел да ја искористи ракетата „Орешник“.

Заканата доаѓа откако Вашингтон вети близу 1 милијарда долари нова помош за Киев и најавениот одмазднички одговор на Москва за украинскиот напад врз воениот аеродром во Таганрог во која беа користени американски ракети.

„Можно е да го стори тоа во наредните денови според разузнавачката проценка. Го видовме ова и претходно. Тие се обидуваат да го искористат секое оружје што го имаат во нивниот арсенал за да ја заплашат Украина, но се разбира САД и другите партнери продолжуваат со поддршката“, изјави Сабрина Синг – портпарол на Пентагон.