Македонија
На Попова Шапка најстудено и најмногу снег
12.12.2024 09:43
Најстудено утрово е на Попова Шапка-4 степени, а таму има и највисока снежна покривка од 43 сантиметри, соопшти УХМР...

Најстудено утрово е на Попова Шапка-4 степени, а таму има и највисока снежна покривка од 43 сантиметри, соопшти УХМР.
Под нулата е и во Берово со-1 степен, нула во Крушево, еден во Прилеп и Струмица, два во Битола, Демир Капија, Штип и Кавадарци, три во Охрид, четири во Гевгелија, Велес и Куманово, а шест степени се измерени во Скопје.
Во Маврови Анови има 29 сантиметри снег, а во Крушево шест.
