МВР
Запленети околу 1.500 парчиња пиротехника во светиниколско
12.12.2024 15:01
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава...

Полициски службеници од ОВР Свети Николе вчера извршиле преглед во продажен објект во с.Амзабегово, светиниколско, сопственост на А.Б.(52) од с.Амзабегово.
При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1.500 пиротехнички средства.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопштуваат од МВР.
