Влада: Обезбедени средства за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите
Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет...

Во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади, информираат од Владата.
Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет. Додека пак, финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување на бизнис, значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови, посочуваат од Владата.
Владата е партнер на младите и студентите. Посветено и одговорно работиме и придонесуваме за подобар живот за сите, иднина и просперитет- стои во соопштението.
