ДПИ

Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“

12.12.2024 11:29

Пазарните инспектори ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена.

Во пресрет на акцијата „Новогодишна кошничка“, најавена за 15-ти месецов, пазарните инспектори ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена.

Со акцијата се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Во меѓувреме статистиката регистрираше зголемувањето на трошоците на животот во групата храна и безалкохолни пијалаци во ноември во однос на октомври годинава за 2,1 процент.

Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници, информираше Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува заклучно со 15 јануари 2025 година. Во овој период, Пазарниот инспекторат најави дека ќе биде со засилени контроли на терен и ќе постапува во согласност со своите надлежности.

Граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страна на ДПИ www.dpi.gov.mk, на која е достапна и листата со производи.