Партии

ДУИ бара итна оставка од претседателот на Уставниот суд

12.12.2024 11:48

Одлуката за продолжување на процесот на процена на уставноста, и покрај бојкотот од судиите од албанската и турската заедница, претставува загрижувачки показател за недостаток на почит кон еднаквоста и меѓуетничката хармонија, реагираат од политичката партија ДУИ и побараа итна оставка од претседателот на Уставниот суд...

Одлуката за продолжување на процесот на процена на уставноста, и покрај бојкотот од судиите од албанската и турската заедница, претставува загрижувачки показател за недостаток на почит кон еднаквоста и меѓуетничката хармонија, реагираат од политичката партија ДУИ и побараа итна оставка од претседателот на Уставниот суд.

– Сепак, реакцијата на Претседателот на Уставниот суд на прес-конференцијата ја означува кулминацијата на неприфатливоста. Прашан од новинар за недостигот на албанскиот јазик на таблата зад него, и покрај фактот што законот за употреба на јазиците е во сила, Претседателот изјави дека „знае дека законот е во сила, но не му се допаѓа законот“. Таквата изјава е скандалозна и целосно неприфатлива! Лице кое отворено изразува несогласување со законите во сила и применува двојни стандарди на толку важна позиција како Претседател на Уставниот суд, не може да биде достојно за да продолжи со должноста. Неговото однесување ја поткопува, довербата на граѓаните во институциите, но и основните принципи на демократијата и меѓуетничката еднаквост – реагираат од партијата.

Од ДУИ додаваат дека ваквите случувања не треба да се толерираат под никакви околности, а институциите треба да дејствуваат за да го гарантираат почитувањето на законот и вредностите на меѓуетничката еднаквост.