Економија

ДПИ ги контролира цените во маркетите

12.12.2024 13:24

Пазарните инспектори, ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа, заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена...

Над 800 производи во 36 маркети, ќе бидат со пониски цени, како дел од новогодишната кошница. Но, на терен ситуацијата за граѓаните е загрижувачка. Се жалат дека во малопродажба цените се драстично зголемени.

Пазарните инспектори, ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа, заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена.

Агенцијата за храна и ветеринарство, пак, вчера излезе со информација дека ќе се проверуваат и новогодишните пакетчиња.

Известува Александра Велинова