Скопје

Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел

12.12.2024 18:06

Интервенирано е на улиците „Васил Чакаларов“ и „Воин Драшковиќ“, каде се подигнати и транспортирани приближно 20 кубни метри непрописно одложен кабаст, мешан комунален и отпад од картонски пакувања, соопшти „Комунална хигиена“ - Скопје.

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје расчистиле две диви депонии во скопската општина Ѓорче Петров.

Интервенирано е на улиците „Васил Чакаларов“ и „Воин Драшковиќ“, каде се подигнати и транспортирани приближно 20 кубни метри непрописно одложен кабаст, мешан комунален и отпад од картонски пакувања, соопшти  „Комунална хигиена“ - Скопје.

Отстранети биле и седум кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата „Џон Кенеди“ во општината Чаир, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како и 15 кубни метри градежен и мешан комунален отпад, санитарии и автомобилски гуми одложени на тревна површина долж булеварот „Босна и Херцеговина“ во скопската општина Бутел.