Србија

20 години затвор за масовниот убиец од Србија, Урош Блажиќ

12.12.2024 16:08

Обвинетиот сè уште немал 21 година кога било извршено делото, поради што не може да биде осуден на доживотен затвор...

Урош Блажиќ, масовниот убиец од Младеновац, доби максимална 20-годишна затворска казна за убиствата извршени на 4-ти мај минатата година кога усмрти девет и рани 12 лица од две села.

Обвинетиот сè уште немал 21 година кога било извршено делото, поради што не може да биде осуден на доживотен затвор.

Специјалниот суд во Белград го осуди и неговиот татко Радиша Блажиќ на иста временска казна затвор за недозволено поседување и носење на оружје, како и за тешко дело против општата безбедност.

Се работи за правосилна пресуда против која осудените можат да поднесат жалба.