Култура

Премиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ

12.12.2024 14:12

Публиката се враќа во театар. Со секоја претстава салата е исполнета до последно столче. Се бара билет плус, но тие се распродадени со месеци однапред...

Публиката се враќа во театар. Со секоја претстава салата е исполнета до последно столче. Се бара билет плус, но тие се распродадени со месеци однапред.

Во денешниот свет полн со површни пораки и брзи промени, театарот останува едно од ретките места коишто ја доловуваат суштината на човечкото искуство и ги третираат важните прашања со коишто се соочуваме. И анкетата не беше тешка да се направи. Секој што застана пред камерата, гледал барем една премиера во изминатиов период.

„Диво месо“, „Тетовирани души“, „Лет во место“, „Кула вавилонска“, ставени во постмодернистичка рамка во претставата „Замисли нов свет“. Претстава која спојува дела од нашиот голем драмски автор Горан Стефановски со модерниот осврт на режисерката Нела Витошевиќ која отвора многу важни прашања за нас како општество, но и како човечки суштества. Оживувајќи ги зборовите на Стефановски, зборува за вечните вредности како што се човечноста, разбирањето и поврзаноста. Квалитети изгубени во денешницата.

Со оваа претстава ја пренесуваме важноста на поврзувањето и емпатијата, вредности коишто Горан ги истражува во своите дела, вели Витошевиќ за овој проект.

Премиерата на проектот „Замисли нов свет“ е закажана за 17-ти декември на сцената на Македонскиот народен театар.

 

Александра Спировска