Кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
Првопријавениот М.М. и второпријавениот граѓанин И.М., набавиле и чувале во домот, каде живеат во заедница, една автоматска пушка и четири рамки муниција за автоматска пушка со вкупно 125 куршуми...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.М. – полициски службеник, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „послужување во службата“ по член 356 од Кривичниот законик, против И.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик и против Р.М., поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „прикривање“ по член 261, во врска со член 396 од Кривичниот законик.
Првопријавениот М.М. и второпријавениот граѓанин И.М., набавиле и чувале во домот, каде живеат во заедница, една автоматска пушка и четири рамки муниција за автоматска пушка со вкупно 125 куршуми, информира МВР.
