„Кајзен“ на офталмологија откри недостатоци во спроведувањето на „Мој термин“
Министерот за здравство Никола Тодоров е задоволен од функционирање на овој проект. Има наградени, но и казнети лекари...

Фунцкионира плаќањето по учинок, но има недостатоци во спроведување на „Мој термин“- покажале анализите по петдневното скенирање на рабоата на Клиниката за очни бочести.
Поради подготовките за преглед, односно ставањето на капки, пацинетите ќе бидат известувани да одат еден час порано од закажаниот термин за да бидат целосно подготвени за прегледот. Се проверувало како се врши плаќањето по учинок.
Министерот за здравство Никола Тодоров е задоволен од функционирање на овој проект. Има наградени, но и казнети лекари.
На очната клиника годишно се прегледуваат 24.000 пацинети и се прават 4.000 интервенции.
Во изминатиот период под лупа на тимот на министерот за здравство Тодоров, досега беа медицинските центри во Штип, Битола, Тетово, Велес и Струмица се со цел да се зближат работниците и менаџметот, да се постигне поголема ефикасност и квалитет во работата.
