Над 800 производи во 36 маркети, ќе бидат со пониски цени
Над 800 производи во 36 маркети, ќе бидат со пониски цени, како дел од новогодишната кошница. Но, на терен ситуацијата за граѓаните е загрижувачка. Се жалат дека во малопродажба цените се драстично зголемени. Пазарните инспектори, ги мониторираат сегашните цени на производите кои ги содржи акциската листа, заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена...

Граѓаните со очекувања дека ќе се намалат цените на лебот, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот кои се дел од 800-тини производи опфатени со новогодишната кошница. Се надеваат дека трговците ќе ја почитуваат акцијата која треба да почне за три дена. Цената на производите опфатени со акцијата треба да биде за 10 насто пониска од најниската во периодот од 15-ти ноември до 15-ти декември.
Новогодишната кошница под лупа на пазарниот инспекторат. Инспекторите вршат мониторинг за да се види дали трговците се придржуваат до нивната иницијатива за акциско намалување на цените или повеќе на прехранбените производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.
Потрошувачите доколку забележат неправилности да ги пријават на 191, апелираат од ДПИ. Листата на производи кои се дел од оваа кошница може да се видат на интернет-страницата моја.кошница.мк.
Александра Велинова
