Македонија е лидер во заштита на бегалците
30 години од воспоставувањето на партнерството помеѓу Република Македонија и Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска беше одбележан во Министерството за надворешни работи и трговија.

Три децении Македонија е засолниште за бегалци од конфликтни региони. Во земјава тие хуманитарно се згрижени, имаат право на образование, здравствена заштита и вработување, азил и државјанство. Македонија е шампион во искоренување на бездржавјанството и пример за другите држави во светот.
Нашата држава од нејзината независност дава засолниште на бегалци согласно со сите меѓународни стандарди.
Бегалците коишто добиле заштита во Македонија велат дека им е вратена надежта за живот во Македонија
Од МНР најавија дека за подобрување на статусот на бегалците во земјава, ќе се работи на подобрување на процедурите за барање азил и државјанство.
30 години од воспоставувањето на дипломатски односи со Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и отворање на канцеларијата на УНХЦР во Скопје во 1994-та година.
Ирина Гелевска
