Не стивнуваат реакциите за случајот „Адитив“
Додека Обвинителството го оформува предметот за 23 осомничени во случајот „Адитив“, од СДСМ бараат да се да се почитува презумцијата на невиност. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека СДСМ не се дистанцира од милионскиот криминал во РЕК Битола на Ковачевски...

Додека Обвинителството го оформува предметот за 23 осомничени во случајот „Адитив“ во кои се вмешани видни членови на СДСМ, екс-директорите на ЕСМ Васко Ковачевски и Васко Стефанов, во партијата на Бихаќка се повикуваат да се почитува презумцијата на невиност. Инсистираат на објективна постапка и доколку постои вина истата да се санкционира.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ не се дистанцира од милионскиот криминал во РЕК Битола на Ковачевски, кој донел поскапа струја за граѓаните.
Преку тендери за набавка на адитиви, плаќани по три пати повисока цена, осомничените го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра. Осуммина се веќе во притвор, еден е во домашен притвор, а на останатите им се одземени пасошите.
Васко Ковачевски веќе неколку месеци е надвор од земјата. За него Обвинителството, пред „Адитив“, отворило предмет и за барање поткуп додека бил директор на РЕК Битола.
Миле А. Ристески
