Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
78- годиншниот бизнис магнат и политичар, ги победи принцезата од Велс и Илон Маск, кои исто така беа во потесниот избор.
Магазинот „Тајм“ го прогласи новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за личност на годината. 78- годиншниот бизнис магнат и политичар, ги победи принцезата од Велс и Илон Маск, кои исто така беа во потесниот избор.
Трамп беше личност на годината на „Тајм“ и во 2016 година, кога во Вашингтон ги надмина сите очекувања и во претседателската трка ја победи поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Тој е вториот претседател кој служел втор непоследовален мандат во Белата куќа, по Гровер Кливленд кој беше на чело на САД кон крајот на 19 век.
Од 2000 година „Тајм“ во изборните години за личност на годината го прогласува новоизбраниот претседател на САД, а во 2020 година таа титула ја поделија Џо Бајден и Камала Харис. Поранешниот претседател Барак Обама беше личност на годината во 2008 и 2012 година, а Џорџ Буш во 2004 и 2000 година.
