Полицијата врши претрес во Судскиот совет, се проверуваат записници
Попладнево полициска акција во Судски совет. По наредба на Обвинителството се врши претрес, се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело…

Полициски претреси во просториите на Судскиот совет. Се бараа записниците поврзани со мандатот на доскорешната претседателка Весна Дамева. Од МВР и од Обвинителството без многу детали, но велат дека претресите се по наредба на скопското Основно обвинителство, а целта е да се провери дали има евентуални елементи на кривично дело.
Од Обвинителството појаснуваат дека претресите не се поврзани со „црната листа“ на САД на која од неодамна се најде и апелацискиот судија Енвер Беџети кого американскиот Стејт департнент го сомничи за вмешаност во корупција и тргување со влијание.
Пред неколку недели премиерот Мицкоски од собраниска говорница посочи дека Весна Дамева направила фалсификат со записните, на што таа му одговори ако има докази да ги достави до Обвинителството, во спротивно да ѝ се извини.
Анита Димитријевска - Велковска
