Македонија загуби од Франција со 22 : 25
Иако поразени по вторпат во два дена, младите македонски ракометари одиграа далеку подобро и порамноправно во однос на вчерашниот меч против Шпанија. Поучени од тоа искуство кога практично мечот го загубија во првото полувреме, избраниците на селекторот Петковски стартуваа цврсто во одбраната, па до половината од полувремето против Франција резултатот беше 4 : 4. Но, во средишницата Французите со серија од 4 гола за само три минути направија исчекор кон поуверлива предност, која до одморот изнесуваше 13 : 8.

Иако поразени по вторпат во два дена, младите македонски ракометари одиграа далеку подобро и порамноправно во однос на вчерашниот меч против Шпанија. Поучени од тоа искуство кога практично мечот го загубија во првото полувреме, избраниците на селекторот Петковски стартуваа цврсто во одбраната, па до половината од полувремето против Франција резултатот беше 4 : 4. Но, во средишницата Французите со серија од 4 гола за само три минути направија исчекор кон поуверлива предност, која до одморот изнесуваше 13 : 8. Како по исто сценарио од вчерашниот дуел, нашите јуниори заиграа многу посмело и поквалитетно во продолжението, кое главно беше рамноправно, а противникот ја одржуваше разликата се до 55 минута. Во завршицата од средбата нашите ракометари направија серија од 3 : 0 што беше доволна само да се ублажи поразот, за конечни 25 : 22 за триколорите.
Со овој пораз Македонија ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето, и во 3 коло им преостанува да се обидат задутре да ја совладаат Норвешка, за да имаат нешто подобар распоред во следната фаза од шампионатот.
