Нови протести на студентите во Белград
Стотици универзитетски студенти и граѓани го изразија незадоволство за известувањето на Јавниот сервис за протестите и начинот на кој беа пренесени нивните барања, и покрај ветувањата на претседателот Вучиќ дека сите ќе им бидат исполнети...

Голем митинг пред седиштето на државната телевизија на Србија во Белград. Стотици универзитетски студенти и граѓани го изразија незадоволство за известувањето на Јавниот сервис за протестите и начинот на кој беа пренесени нивните барања, и покрај ветувањата на претседателот Вучиќ дека сите ќе им бидат исполнети.
„Тука сме поради сите барања што ги истакнаа студентите. Не сакаме луѓето да не тепаат на улица додека ги искажуваме нашите граѓански права и мислења. Не сакаме репресија, ниту да се грижиме кога излегуваме дека настрешницата или нешто слично може да не убие. Државната телевизија треба објективно да известува и да биде глас на сите граѓани, а не само на оние што се на власт“, изјави Андреа Малетиќ, студент.
Демонстрациите се дел од пошироките протести што избувнаа по падот на натстрешницата во Нови Сад при што загинаа 15 лица. На веб страницата на српската Влада веќе се објавени повеќе од 60 документи поврзани за несреќата – кое беше едно од барањата на студентите.
