Франција
Макрон назначува нов премиер
13.12.2024 08:12
Иако според медиумските извештаи сè уште нема јасен фаворит, се очекува обединувачката фигура за Французите, да се соочи со истите предизвици како и неговиот претходник...

Една недела по падот на француската влада предводена од Мишел Барние, претседателот Макрон ќе го објави името на новиот премиер. Иако според медиумските извештаи сè уште нема јасен фаворит, се очекува обединувачката фигура за Французите, да се соочи со истите предизвици како и неговиот претходник.
Изборот за нов премиер доаѓа во време на политичка и економска криза, додека буџетот за 2025 година сè уште не е одобрен од парламентот.
