Блиски Исток

Блинкен во Турција, регионот и натаму кревок

13.12.2024 08:16

Според командантот на курдските сили, исламичката група ИСИС веќе го користи безбедносниот вакум по падот на режимот на Асад во Сирија и има обиди за прегрупирање...

Американскиот државен секретар Блинкен во Турција на разговори со Ердоган за последните случувања на Блискиот Исток и обид да се повика Анкара да не започнува воени операции против курдските бунтовници во Сирија, поддржани од САД, за кои Вашингтон верува дека биле критични во борбата со ИСИС. Според командантот на курдските сили, исламичката група ИСИС веќе го користи безбедносниот вакум по падот на режимот на Асад во Сирија и има обиди за прегрупирање.

„Дефинитивно можеме да кажеме дека тие станаа посилни. Порано се криеја, но сега отворено оперираат на терен. Сега се активни во пустината, дел од нив веќе влегле и во нашиот регион“, изјави Абди Мазлум, командант на сириските демократски сили.

„Внимателно го следиме ова. И сме загрижени. Знаете ИСИС е група која сака неуправуван простор и може да се очекува да го искористи ова, затоа внимателно ги следиме“, изјави Џон Кирби, портпарол на Белата куќа.

Во истовреме, израелскиот премиер Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ истакнувајќи дека еден ден и нивната земја ќе биде слободна како Сирија. Им вети дека заедно ќе го трансформираат Блискиот Исток во светилник на напредок и мир, прославувајќи го слабеењето на „оската на теророт на иранскиот режим“.