Македонија

Денеска официјално започнува ски-сезоната на Попова Шапка

13.12.2024 08:38

Ски – билетите се бесплатни за сите посетители. Работното време денеска е од 10 до 14 ч...

Денеска официјално започнува ски-сезоната во Ски-центарот Попова Шапка. Традиционално, првиот ден (петок) е промотивен ден. Ски – билетите се бесплатни за сите посетители. Работното време денеска е од 10 до 14 ч.

Од сабота Ски-центарот ќе работи со редовна цена на ски-билетите и со редовно работно време.