Средба Попоски-Вигенин

13.12.2013 11:56

Продолжуваат разговорите меѓу Бугарија и Македонија за склучување договор за добрососедство и соработка. Создаваме неопходна политичка клима за тие да завршат успешно, но се уште не сме дојдени до фазата на потпишување, порачал  бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин по средбата во Софија со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

"Очигледно, договорот за добрососедство нема да се потпише до следната недела, кога е Советот за надворешни и општи  работи  Доколку не е решено и прашањето за името со Грција, не се очекува одлука за почеток на преговорите за членство. Обидите продолжуваат. Има желба од двете страни да се најде потребниот компромис, изјави по средбата  Кристијан Вигенин , министер за надворешни работи на Р. Бугарија.

Станало збор  и за билатералните односи , состојбите во регионот и за можностите за продлабочување и унапредување на односите преку реализирање конкретни договорни проекти што се од интерес на граѓаните на двете земји.

Повторно се фокусиравме на добрососедските односи, еден од принципите на процесот на проширување. Се задржавме и на случувањата во непосредното опкружување. Сметам дека постои напредок во нашите односи. Токму затоа, една од најважните лекции што ја научивме е дека соседот до вас е некој на кој може да се потпрете, така што ако е вашиот сосед дел од ЕУ, тоа е придобивка и за вас, оцени шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Бугарија од ланскиот самит на Унијата инсистира на договор за добрососедство за да даде поддршка за датум за преговори за Македонија.

Лидија Чакар