Јужна Кореја
Јужнокорејска опозиција го достави второто барање за импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол
13.12.2024 09:31
Одлуката за ново гласање ќе се одржи в сабота...

Главната јужнокорејска опозиција го достави второто барање за импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол до парламентот поради прогласувањето воена состојба. Одлуката за ново гласање ќе се одржи в сабота.
Шефот на државата остана цврст на одлуката да се бори до крај и да не се повлече од функцијата што ги разлути и членовите на неговата партија кои соопштија дека овојпат ќе го поддржат импичментот.
